Третата неделата на италијанската кујна во светот, во Македонија ќе биде одбележана со низа настани во организација на Амбасадата на Италија во Скопје и Канцeларијата ИТА – Агенцијата за промоција и интернационализација на италијанските компании.
Одбележувањето на Третата недела на италијанска кујна во светот започнува денеска, а ќе трае до 25-ти овој месец.
Настанот е од светски рамики, а е организиран под покровителство на италијанското Министерство за надворешни работи, со цел промоција на италијанската ено-гастрономска култура и традиција, сo посебен акцент на богатството на специјалитети и состојки типични за италијанските региони, нивната историја и територија.
Медитеранскиот начин на исхрана, таканаречената Медитеранска диета, е централна тема на овогодинешното издание на Неделата на италијанската кујна во светот.
Во текот на целата недела се предвидени настани наменети за љубителите на италијанската храна и вино, за готвачи професионалци и за аматери, за компании заинтересирани за увоз и дистрибуција на италијанска храна и вино, како и за љубители на италијанскиот филм.