Еколошка катастрофа во каналот Студенчишта, според проценките на природонаучниците од Хидробиолошкиот завод, угина околу половина тон плашица. Поморот на риба според слободните проценки пак на рибарите кои секојдневно во каналот ја изловуваат плашицата е далеку поголем, пренесува Алфа ТВ.

Експертите со денови укажуваа дека намалениот водостој на Охридското езеро кое се празни, може да ја предизвика оваа еколошка катастрофа бидејќи во каналот „Студенчишта“ сега природно влегува поголема количина на плашица која може да угине поради недостаток на кислород. Последиците велат, можат да бидат уште по катастрофални. Дека состобата е повеќе од загрижувачка потврдуваат и од Хидробиолошкиот завод.

Од една страна дотокот на свежа вода од Билјани извори е многу мал, речиси и да го нема, нема вода нити од крајбрежните извори нити од малиот канал бидејќи е затворен. Од друга стана нискот водостој и на крајот недоволното изловување на плашицата од страна на поранешниот концесионер доведоа до ваква состојба-велат експертите. Од Хидробиолошкиот завод сега ќе поставеле црпни пумпи вдолж каналот, бидејќи и свежата вода која денес ја пуштаат во Студенчишта не ја спаси рибата од угинување, пренесува Алфа ТВ.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2018 18:13