По втор пат во период од две години основното општинско училиште „Јоаким Крчовски” од Крива Паланка е дел од меѓународен проект финансиран од програмата Еразмус плус на Европската унија.

Проектот е насловен „Иднина”, а е финансиран од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност, додека ООУ „Јоаким Крчовски” e партнер.

– Координатор-носител на проектот е Португалија, а главните цели на се подобрување на математичките вештини со кодирање, алгоритми и математички размислувања, стекнување вештини за полесно кодирање, основи на роботика преку математика и природни науки, интернет алатки и употреба на Web 2.0 и интернет во секојдневната работа, усовршување комуникација и странски јазици, информира Тања Димитровска-Шкрбиќ, координатор на проектот од ООУ „Јоаким Крчовски”.

Преку активностите во проектот кои ќе се реализираат во сите земји-учеснички, учениците и наставнито кадар ќе имаат можности и за запознавање различни култури, размена на искуства и примена во работата со цел подобрување на наставниот процес и успехот на учениците.

Проектот „Иднина” ќе трае две години, заклучно со 31 август 2020 година. Во проектот се вклучени основни и средни училишта од Португалија, Турција, Литванија, Полска и Македонија и ќе се одвива на англиски јазик.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2018 20:14