Општина Гевгелија го доби решението на Уставниот суд за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за распишување на Референдум од страна на Советот против отворање рудници на планината Кожуф во март и април 2017 година по поднесената иницијатива од канадската компанија „Резервоар минералс“. Локалната самоуправа најавува дека ќе поднесе приговор.
Во својата официјална реакција,градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков денеска рече дека без да прејудицира, според елаборацијата на решението, јасно е дека судот и овој Референдум ќе го прогласи за неуставен и незаконски и ќе ја поништи одлуката на граѓаните и дека локалната самоупра