Животните, во ЗОО паркот во Штип се обезбедни со храна во текот на зимскиот период. Директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев на денешната прес-конференција информираше дека избрана е фирма, што секојдневно ја доставува храната за животните.

-Морам да истакнам дека од наши извори со искос на детелина добивме околу тон и 300 килограми храна, што ја употребуваме за исхрана на животните. Во наредниот период знаеме дека доаѓа зимата и во тој период имаме обезбедено доволно храна за животните, вели Тасев.

Штипското јавно претпријатие „Исар“ се задоволни што секојдневно имаат посетители во ЗОО паркот.

Инаку во овој парк има тревопасни животни и птици, а како најголема атракција за најмалите останува мечето Теди. Постојано имаат и посети од страна на ученици од училиштата од источниот регион.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2018 17:50