Европската унија ќе ја суспендира помошта од 100 милиони евра за Молдавија поради стравувања за демократија и бавното темпо на реформите во земјата.

Шефот на делегацијата на ЕУ во Молдавија Петер Михалко денеска изјави дека средствата ќе бидат замрзнати делумно и поради изборите за градоначалник во главниот град на Молдавија во јуни, кога Врховниот суд ги поништи резултатите откако победи прозападниот активист во борбата против корупцијата Андреи Настасе.

Михалко, исто така, ги повика молдавските власти да се борат против корупцијата и темелно да го истражат исчезнувањето на една милијарда долари од банките пред парламентарните избори во 2014 година.

Тој ги опиша парламентарните избори следната година како „важна проверка“ за Молдавија, која ќе ги добие замрзнати финансии доколку биде нотиран напредок.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2018 18:21