Американскиот претседател Доналд Трамп ја изврши традиционалната годишна церемонија со која помилува две мисирки во Белата куќа, во пресрет на американскиот празник Ден на благодарноста.

Трамп на шега ги предупреди мисирките, чии имиња се Грашок и Морков, дека и покрај тоа што тој со претседателски указ ги спасил да не завршат на празничната трпеза, можеби сепак ќе треба да одговараат пред демократите.

Тој на шега рече дека тие од јануари ќе имаат мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, а веќе ветиле дека ќе ги истражат дите негови одлуки и деловни аранжмани.

Белата куќа преку Интернет организираше напревар на „навивачите“ на двете мисирки за да се утврди која ќе биде помилувана, а Трамп прво објави дека „среќната птица е Грашок“, а потоа одлучи двете да ги помилува.

Американскиот претседател Џорџ Буш ја воведе традицијата за годишно помилување мисирки и тоа во 1989 кога и го поштеди животот на една мисирка која била тешка околу 23 килограми.

Трамп Денот на благодарноста ќе го помине со семејството на неговиот имот на Флорида.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2018 11:19