Со свечената Академија и промоција на книги, денеска во Битола се одбележа 22 Ноември, Денот на албанската азбука и 110 годишнината од Битолскиот конгрес.

На свеченоста во националната установа „Музеј на албанската азбука", во присуство на владини министри, пратеници и претставници на академската заедница, претседателот на ДУИ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Али Ахмети, истакна дека Битолскиот конгрес е историски настан со големо значење.

-Денес се одвива еден историски настан, 110 години од Битолскиот конгрес. Овој историски настан во Битола, освен културно има и геостратегиско и политичко значење, истакна Ахмети и потсети на значењето на актуелниот политички момент на државата кој, како што рече, е чувствителен процес во кој се прецизира иднината и ние како граѓани треба да дадеме свој придонес.

Одбележувањето на Денот на албанската азбука годинава се одвива под мотото „За нас сонцето грее од запад".



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2018 17:57