Тивко, опуштено, живописно, едноставно, и задоволувачки рурално – тоа е најчестиот опис на алпското село Шампери во југозападна Швајцарија, што е речиси совршена дестинација за зимски одмор.

Селото е на 1.800 метри надморска височина, со дрвени планински колипки, неколку селски ресторани, и секако – скијачките патеки. Има и лифт од селото до самиот раб на големиот ски-центар Порт ду Солеи.

Ноќна забава тука нема, но тоа го надополнуваат прекрасните зимски, па и летни зелени пејсажи.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2018 18:36