Со повеќе активности во Дебар се одбележува 22 ноември, Денот на албанската азбука.

Во двете основни општински училишта и гимназијата, во паралелките со настава на албански наставен јазик, вчера првите училишни часови беа посветени на 110 годишнината од одржувањето на Конгресот во Битола, каде и е официјализирана албанската азбука. Утре во ООУ„Саит Најдени“ ќе има пригодна програма подготвена од учениците.

Синоќа во Центарот за култура голем број посетители имаа можност да го проследат документарниот филм „Последниот меѓу преродбениците“ посветен на Јосиф Багери, еден од најистакнатите албански културни дејци од почетокот на 20 век. Багери е роден во Нистрово, Горна Река, општина Маврово и Ростуше во 1870 година а починал во Приштина, 1916 година.

Филмот е во режија на Кујтим Ѓонај, сценариото на Мирадие Малиќи,музиката на композиторот Фатос Лумани а продуцент е Африм Фаризи.

Денеска делегација на општина Дебар, предводена од претседателот на Советот на општната, Башким Машкули, положи свежо цвеќе на бистата на Багери која заедно со бистата на преродбеникот Саит Најдени се наоѓаат во центарот на Дебар.

Во Дебар во тек е турнир во мал фудбал кој традиционално се одржува по повод 28 ноември денот на независноста на Република Албанија и Денот на албанското националано знаме.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2018 16:20