Со еднократна парична помош од 6.000 денари, општина Крушево ќе го поттикнува запишувањето ученици во средното училиште „Наум Наумоски Борче".

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, средното крушевско училиште во соработка со Општината ќе доделува еднократна парична помош за средношколците кои ќе се запишат во учебната 2019/20 година. На сите новозапишани во прва година ќе им биде доделена еднократна финансиска поддршка, но, посочуваат, учениците ќе имаат и дополнителна мотивација.

-Од 2019 година ги мотивираме сите деветто одделенци од основното крушевско училиште „Никола Карев" при упис во прва година во средното училиште „Наум Наумовски Борче" во Крушево, со тоа што добиваат стручно образование, бесплатен превоз, практика во познати ресторани и хотели во и надвор од Крушево, размена на искуства, знаење во државата и во странство, туристички тури, предност за вработување како и еднократен паричен надоместок при самиот упис. Овозможуваме квалитетно образование, стекнување со стручност и знаење, како и задоволни ученици, вели Христоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2018 16:26