Повторно започна со работа подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделитето во општина Македонска Каменица. Како што информира Соња Стаменкова, градоначалничката на општина Македонска Каменица канцеларијата е сместена во општинската зграда.
-Отворањето на канцеларијата на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделитето е помогнато од општина Македонска Каменица. Истата се наоѓа на вториот кат од општинската административна зграда, а во канцеларијата е вработено стручно лице, дипломиран иженер – агроном чија задача ќе биде доближување на земјоделците до новините и тековните развојни процеси што разните владини и странски фондови ги нудат за развој на земјоделието, вели Стаменкова.
Додава дека прием на странки ќе се врши секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот. Основна дејност на канцеларијата ќе биде прием на апликации од тековните програми, како и консултантски услуги од областа на земјоделието во врска со развојните програми и тековни проекти.