Во Свети Николе се одржа првата сесија од Форумот на заедници во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети", што се спроведува во неколку општини. На сесијата учествуваа 120 граѓани, претставници на бизнис секторот, невладините организации и од општинските и државните институции.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашко Велковски истакна дека средствата од 50.000 швајцарски франци ќе бидат наменети за реализација на еден или два проекти, за кој сите заеднички ќе одлучат, а треба да се реализираат до крајот на јуни 2019 година.

Меѓу предлозите е комплетна реконструкција на еден од клоновите на детската градинка, потоа изградба на нова детска градинка во село Ерџелија, каде би се згрижиле околу 30 деца, потоа отварање на Центар за поддршка на жените –земјоделки, изградба на нов Центар за деца со посебни потреби, затоплување на единствената спортска сала во Свети Николе, како и изградба на безбеден премин до основното училиште.

Во текот на наредните форумски сесии граѓаните треба да одлучат, кои проекти имаат приоритет за реализација. Инаку проектот се имплементира од страна на УНДП, а е финансиран од страна на швајцарската Агенција за развој и соработка.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2018 16:36