Општина Пробиштип организира бесплатни ехо прегледи на дојка во Здравствениот дом „Нада Михајлова“, во рамки на програмата за социјална заштита за 2018 година, информира Марија Митева од кабинетот на градоначалникот.
Таа истакна дека потребно е да се работи на превентивата. – Целта на оваа мерка е да се подигне свеста на жената за заштита на нејзиното здравје и здравјето на семејството. Сите жени од општина Пробиштип кои сакаат да направат преглед може да се јават на телефонскиот број 032/483-136 локал 120, секој ден од 8 до 14 часот, во одделението за рендген во Здравствениот дом „Нада Михајлова“, вели Митева.
Пријавувањето за бесплатните ехо прегледи на дојка почна вчера, а ќе се извршуваат овој и наредниот месец секој работен ден од 14 до 16 часот.