Кривична пријава е поднесена против две лица од охридското село Велгошти поради злоупотреба на лични податоци на жена од Охрид.

Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Ј.П.(39) и Р.П.(39) двајцата од охридското село Велгошти поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Пријавените, на 5 април годинава без добиена согласност, прибирале, обработувале и користеле лични податоци на женско лице од Охрид, и без нејзино знаење ги објавиле на веб страна за огласи.

Двајцата пријавени, неовластено и креирале неколку профили на социјалната мрежа Фејсбук.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2018 17:15