Со културно-уметничка програма на учениците од основните и средните училишта во кои наставата се одржува на албански јазик Општина Струга денеска го одбележа Денот на албанската азбука – 22 Ноември.
Честитајќи им ја 110-годишнината на албанската азбука, присутните ги поздрави шефот на кабинетот на градоначалникот на општина Струга Дашмир Насуфи.
-Еден народ постои и живее само ако го зборува и го пишува својот јазик, а ние зборуваме и дишеме на албански благодарение на нашите предци. Затоа, денес во нивна чест сме собрани за да ја славиме нивната храброст, труд, нивните битки за ние да имаме подобра иднина, да имаме наша азбука и наш јазик, истакна Насуфи. Изрази надеж дека и во иднина ќе слават вакви настани, како што рече, заедно обединети како никогаш досега.