Советот на Општина Велес на претстојната 24. седница закажана за понеделник треба повторно да гласа по одлуката за зголемување на цената на водата од ЈКП „Дервен“,односно да даде решение за согласнот на Одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење за Велес, а истата ќе важи по објавување во Службен гласник на Општина Велес.

Сето ова е неоходно откако градоначалникот Аце Коцевски, а согласно законот за локална самоуправа, а поради немање мнозинство на Советот по одлуката, го запре решението на Советот од седницата од 2 ноември годинава. Имено тој не даде согласнот и побара по оваа одлука за зголемување на цената на водата Советот да се изгласа повторно и тоа само со мнозинство за да ја потпише.

Инаку, за зголемување на водата на седницата од 2 ноември гласаа 10 советници од СДСМ „за“ седум од ВМРО-ДПМНЕ беа „против“ двајца се изземаа поради конфликт на интереси, а еден од СДСМ, рече дека нема да гласа ниту за, ниту против..

Воедно Советот на 23-тата седницата одржана на 15 ноември донесе заклучок за усвојување на ова решение на градоначалникот Коцевски, и затоа советниците на претстојната седница во понеделник треба повторно да гласаат и тоа исклучиво со мнозинство во Советот.

-Јас на ова решение се одлучив не од суштински, туку од формално – правен аспект поради немање мнозинство во Советот по таа одлука. Да кажам дека советниците на минатата 23-та седница се согласија со таа моја одлука да не го потпишувам решението и затоа на претстојната седница во понеделник треба повторно да одлучат за тоа решение дали ќе дадат мнозинство за таа цена.Тие во спротивно ризикуваат цената на водата по административен пат со многу повисоки цени од предложената да ја утврди Регулаторна комисија, појасни за МИА градоначалникот Аце Коцевски.

Советот на Општина Велес на седницата од 2 ноември донесе решение цената на водата за домаќинствата,градинките и училиштата од сегашните 30,40 денари да се зголеми на 31,62 денари за метар кубен вода,а за правните лица од сегашните 60,25 на 63,05 денари за метар кубен вода.

Инаку претходно Владата донесе одлука за покачување на цената на суровата и вода која ЈВП „Лисиче“ му ја испорачува на ЈКП „Дервен“ за 17 проценти или од 3,2 на 3,8 денари за метар кубен вода.,поради како што посочуваат од ЈКП„Дервен“ покачувањето на цената на водата било неопходно.

Како што информира за МИА, Ѓоре Стојанов директор на ЈКП „Дервен“ цената на сурова вода која ЈКП „Дервен“ ја добива од ЈВП „Лисиче“ преку Хидросистемот „Лисиче“ во изминатите две-три години е зголемена за неколкупати годишно и тоа од 4 милиони во 2015 година, на 12 милиони и 600 илјади денари во 2016, на 14 милиони денари во 2017, а годинава на 16 милиони денари годишно.

Од ЈКП„Дервен“ посочуваат дека утврдената тарифа ќе ги покрие оперативните трошоци на ЈКП„Дервен“ и амортизацијата на сопствените основни средства кои се неопходни за непречено давање на услугата и функцонирање на јавното претпријатие во делот на предметните услуги.

Според информациите од „Дервен“, ако велешките советници не ја изгласаа понудената цена, Регулаторна комисија за енергетика, цената на водата ќе ја зголеми за 1,91 денари за 2018-та, 3,23 денари за метар кубен за 2019-та и 3,43 денари за 2020-та година, за домаќинствата во Велес,што е скоро трипати повеќе од сега понудената цена за метар кубен вода.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2018 18:18