Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Адел ал-Џубеир изјави дека медиумските наводи оти членовите на саудиското кралско семејство сакаат да го сменат престолонаследникот се налудничави.

– Тоа се налудничави коментари и целосно се неприфатливи, истакна ал-Џубеир.

Дел од западните медиуми објавија дека поединечни членови на кралското семејство сакаат да ја искористат ситуацијата што настана по убиството на новинарот Џамал Кашоги и да спречат саудискиот принц Мухамед бин Салман да стане крал.

– Кралството Саудиска Арабија е обединето по ова прашање, Кралството Саудиска Арабија е посветена на своите лидери, Кралството Саудиска Арабија е посветено на визијата, која ни ја претставија нашите лидери во смисла „Визија 2030“ и во смисла на реформите, посочи ал-Џубеир.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2018 20:05