Тинејџер од германскиот град Хемер добил возачка дозвола и по само 49 минути, истата му била одземена.

Имено, на пат накај дома, тој бил запрен од полиција и му било кажано дека возел 95 километри на час, каде што ограничувањето е 50 километри на час. Во автомобилот, освен момчето, имало уште четири лица.

Сакајќи да остави впечаток кај пријателите, новопечениот возач добил четири седмици суспензија на дозволата, повторно минување на обуката, 200 евра парична казна и условен период од четири години.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2018 20:16