Армијата на САД ќе ја надгледува северната граница на Сирија, со цел да се избегнат тензии меѓу Турција и сириските Курди, кои се сојузници на меѓународната антиџихадистичка коалиција, изјави американскиот министер за одбрана, Џим Матис.

– Имаме пунктови за набљудување во неколку зони по сириската северна граница, изјави Матис пред новинари во Пентагон.

– Целта е да се гарантира дека Сириските демократски сили нема да се повлечат од битката и ние ќе можеме да го уништиме она што е останато од „калифатот“ на екстремистичката група, објасни министерот.

Сириските демократски сили (СДФ) е арапско-турска коалиција на која се потпираат меѓународните сили во борбата против Исламска држава.

Набљудувачките пунктови ќе бидат јасно видливи и дење и ноќе, па турските сили точно ќе знаат каде се, рече Матис и додаде дека оваа одлука била донесена во тесна соработка со Турција.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2018 20:21