Северна Кореја очигледно ги продолжува активностите со своите нуклеарни реактори, иако изразува подготвеност да ги уништи, соопшти денеска Меѓународна агенција за атомска енергија (МААЕ).

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на средбата со претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин, во септември во Пјонгјанг, рече дека е подготвен да ги уништи реакторите, додавајќи дека тоа ќе зависи од соодветните мерки на САД.

МААЕ, која ја набљудува Северна Кореја со сателити, забележа можна активност на системите за ладење на два реактора, рече генералниот директор на Агенцијата, Јуки Амано.

Активниот реактор од 5 мегавати и дополнителниот реактор, кој е во изградба, се дел од нуклеарниот комплекс Јонбон, за кој постои сомневање дека произведува нуклеарен материјал за Севернокорејската програма за нуклеарно оружје.

Амано, исто така, изјави на состанокот на Управниот орган на МААЕ во Виена дека се спроведуваат активности „компатибилни со производството на реакторни компоненти” и нивен пренос на недовршениот реактор.

Тој рече дека МААЕ не може да ги потврди своите забелешки ако нејзините инспектори не бидат пуштени во Јонбон.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2018 21:17