Русија може да распореди ракети на територија на свои сојузници, ако САД распоредат такво оружје во Европа, изјави рускиот пратеник Константин Косачов.

Косачов, кој е претседател на Комитетот за надворешни работи при Горниот дом на рускиот Парламент, истакна дека намерата на САД да се повлечат од Договорот за уништување на ракетите со среден и мал дострел од 1987 година може да го отвори патот за распоредување во Европа на забранети ракети со тој договор.

Тој предупреди дека доколку се случи такво распоредување, Русија ќе ги напаѓа американските ракети со свое оружје.

Според него, Русија, исто така, може да одговори на таков потег со распоредување слични системи поблиску до своите соседи, и „доколку е потребно, на територијата на нејзините сојузници”.

Косачов потенцира дека овие опции се хипотетички и Русија се уште се надева дека може да се зачува договорот.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2018 09:57