Дебaрчанец се спротивставил на полициските службеници, не им дозволил да извршат алкотестирање и им упатувал навреди и закани.

-Станува збор за К.К.(21) жител на Дебар. При рутинска контрола полициски службеници го запреле патничкото возило „Фолксваген Фаетон“ кое го управувал. На барање да биде извршено алкотестрање, се спротивставил и не им дозволил на полицајците, упатувајќи им навреди и закани, изјави портпаролот на Секторот за внатрешн работи – Охрид, Стефан Димоски.

Според него, настанот се случил на 21 овој месец на улицата „Амди Леши“ во пет часот наутро.

К.К. е приведен во Полициската станица од општа надлежност во Дебар, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2018 10:34