Во текот на изминатите пет години, повеќе од 1,8 милиони луѓе аплицирале за азил во Германија. Податоците, првично објавени од германскиот весник „Билд“, покажуваат сериозен пораст на барањата за азил од 123.581 во 2013 година на 723.938 во 2015 година.

Како одговор на прашањето на пратениците на опозициската „Слободна демократска партија“, германската Влада соопшти дека речиси една третина од барателите на азил, околу 573.000 лица, биле од Сирија.

На второ и трето место се државјани на Авганистан и Ирак, кои од 2013 година поднеле 203.000, односно 176.000 барања за азил.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2018 18:34