На чешката Влада денеска и беше изгласана доверба на гласањето побарано од опозицијата, која настојува да го смени премиерот Андреј Бабиш поради тоа што против него се води истрага за проневера.

Предлогот на опозицијата за изгласување недоверба не ги доби неопходните 101 глас, колку што беа потребни во Долниот дом на Парламентот, кој има 200 пратеници.

Резултатот од гласањето се очекуваше, со оглед на тоа што претходно Социјалдемократите од левиот центар, партнер во малцинската Влада на партијата на Бабиш АНО, како и Комунистичката партија соопштија дека нема да гласаат недоверба.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2018 19:23