Русија не поддржува ниту една политичка фигура во Сирија и ги почитува резолуциите на Советот за безбедност на ОН за решавање на тамошната криза, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, кој зборуваше во Рим на меѓународната конференција „Медитерански дијалози”.
– Што се однесува до (сирискиот претседател) Башар ал Асад, ние постојано сме велеле дека не поддржуваме ниту една политичка фигура во Сирија. Ние ги почитуваме резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и Женевското коминике од јуни 2012 година, каде недвосмислено се вели дека процесот на решавањето во Сирија треба да биде воден и насочуван од граѓаните на Сирија, истакна тој.
Лавров ги смета за чудни тврдењата на американскиот Стејт департмент дека присуството на Иран во Сирија и останувањето на претседателот Башар ал Асад на власт се пречка за победа над терористичката организација „Исламска држава”.