Вчера во Прилеп се одржа гала вечерта од фестивалот „Мел Фест“. Според публиката и учесниците, фестивалот успеа да се врати во полн сјај и го оправда целиот труд на организаторите и уметничкиот директор, пејачката Елена Петреска.

- „Мел Фест“ има некаква магија, посебна енергија. Публиката беше презадоволна, а коментарите на луѓето дека сме направиле одлична приказна и дека чувствуваат возбуда што се дел од овој настан и дека на Македонија и фалат вакви настани и фестивали, ваква поддршка на музиката, на младите талентирани деца. На почетокот настапија некоку дебитанти кои ја воодушевија публиката. После фестивалот имаше одлична забава. Домот на културата „Марко Цепенков“ беше преполн до последното место. На коктел забавата свиреа „Игуана бенд“, забавата беше одлична, пеев јас, а одличен настан имаше и Виктор Апостоловски, вели уметничкиот директор Елена Петреска и додава:

- Им се заблагодарувам на сите учесници, пејачи од нашата македонска естрада кои настапија вчера, на публиката што ја имаше во преголем број, на Лила што го водеше целиот настан, на Мермерниот комбинат, Прилепска Пивара и Витаминка кои го поддржаа настанпт и ќе го поддржуваат во текот на целиот серијал „Мел Фест талент шоу“. Елена Петреска, Наде Талевска, Андријана Јаневска, Симона Поповска, Наташа Малинкова, Елена Велевска, Игор Узунов, Маријан Стојановски, Огнен Здравковски, Горан Наумовски со Горан Папаз, Анастасија Аврамовска се само дел од пејачите кои настапија на гала вечерта вчера во Прилеп.

Ве потсетуваме дека она што ќе се случува вечерва е само најава и всушност почеток за „Мел Фест – талент шоу“ кои ќе стартува пред Нова година, низ 15 градови во Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2018 23:10