Над реката Меконг во источна Камбоџа има мост кој локалното население го користи само во летниот период. Тој се прави од бамбуси, не е многу стабилен, а најинтересно е тоа што секоја година по еднаш се урива и одново се гради.

Имено, мостот им е потребен на жителите само лете. Во сезоната на дождови, кога и водата во реката нараснува и носи сѐ пред себе, луѓето ги собираат трските и ги употребуваат за нешто друго. Кога нивото на реката повторно ќе се спушти, мостот повторно се поставува.

Тој денес претставува туристичка атракција. Најмалите посебно, но и повозрасните уживаат во претрчувањето преку мостот, иако тоа, секако, се наплаќа.

Оваа необична традиција трае децении, но наскоро може да запре бидејќи во близина властите имаат намера да изградат траен, цврст и висок мост.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2018 23:14