Производи од „Долче и Габана“ се повлечени од кинескиот интернет пазар поради бурни реакции по нивната последна реклама, јави Би-Би-Си.

На спорното видео, Кинеска јаде шпагети и пица со стапчиња, па многумина тоа го толкуваат како исмевање на кинеската култура и поттикнување негативен стереотип кон кинескиот народ.

Тоа отиде и малку подалеку, па познати јавни личности повикаа на бојкот на модниот бренд. Кусо потоа и основачот на модната компанија, Стефано Габана долеа масло на огнот со своите, според многумина, ксенофобични интернет коментари, по што следеше и официјално извинување.

„Долче и Габана“ откажа неколку ревии во Кина, и се соочува со огромна штета и губење на дел од тамошниот пазар, кој е навистина голем и може да им обезбеди значаен профит.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2018 23:16