На булеварот „Александар Македонски“ во Радовиш се поставува нов слој асфалт, откако беше отстранет претходно оштетениот слој.

Работите на булеварот се дел од проектот за реконструкција и рехабилитација на патниот правец од крстосницата пред селото Ињево, па се до селото Подареш во должина од 9,8 километри.

Работите на овој патен правец ги изведува Јавното претпријатие за државни патишта. Согласно динамиката целосната рехабилитација треба да заврши до јуни идната година.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2018 00:07