Општина Гевгелија преку Секторот за урбанизам спроведува повеќе активности за деблокирање на постапките за донесување на нови или измени и дополнувања на постојните урбанистички планови.
Од Секторот за урбанизам денеска потврдија дека по изборот на најповолната проектантска фирма, во фаза на изработка се деталните урбанистички планови за блоковите 1,2,7 и 15 во градот Гевгелија и дека паралелно со нив почната е постапката за донесување урбанистички планови за населените места Мрзенци,Негорци и Миравци, како и за Негорските минерални бањи за кои се чека само утврдување на заштитно конзерваторските основи од страна на Заводот за заштита на спомениците на културата.
-Очекуваме наскоро од Министертвото за транспорт и врски да ни биде доставена согласноста за деталниот урбанистички блан за Блок 1, односно за централното градско подрачје, бидејќи комисијата за разгледување на приговорите од јавните анкети веќе ги вградила во документот забелешките од страна на граѓаните, велат од Секторот за урбанизам на општина Гевгелија.
Во постапка на донесување се наоѓаат уште неколку детални урбанитички планови за градот Гевгелија, како и урбанистичките планови за селата Моин, Давидово, Милетково и Богородица.