Локалната самоуправа на општина Ранковце аплицираше по три мерки на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој .

Со три проекти за изградба на локални патни правци во вкупна вредност од 26 милиони денари.

-Поднесени се проектни апликации за локална патна инфраструктура во село Псача, два патни правци: село Псача-Потрчин дол, со должина од еден километар и село Псача- село Петралица (Долина маала)во должина од 1.300 метри, како и локален пат во селото Радибуш до Којкарска маала, со вкупна должина од 1.300 метри.Очекуваме одговор на поднесените проекти и се надевам дека ќе бидат одобрени за подобрување на условите за живот на граѓаните, изјави градоначалникот на општина Ранковце, Ивица Тошевски.

Рече дека во фаза на подготовка е и проектна документација за изготвување техничка документација и останати материјали по мерка 1.2.4 од АФПЗРР. Се изработува техничка документација за патишта и пристап до земјоделски површини во три населени места.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2018 11:57