Отворени се гласачките места за парламентарните избори во Бахреин, на кои 293 кандидати, меѓу кои и 41 жена, се натпреваруваат за мандат во 40-члениот Парламент.

Гласачките места ќе бидат отворени до 5 часот во Гринич.

Двете најголеми опозициски групи во малото кралство во Персискиот Залив, клучен сојузник на САД во регионот, шиитската Ал Вафак и секуларниот „Вахад“ – се забранети и не можат да учествуваат со свои кандидати на изборите. Нивното отсуство предизвика бројни повици за бојкот на гласањето.

Земјата со население од околу 1,4 милиони луѓе е управувана од сунитите. Според неофицијални податоци, оспорувани од страна на владата, сепак, нејзиното население е претежно шиитско. Паралелно со парламентарните избори ќе има локални избори. За нив се регистрирани 160 кандидати.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2018 12:08