Стотици демонстранти маршираа во главниот град на Хаити Порт-о-Пренс, со барање за оставка на претседателот и се судрија со полицијата, која ги растера пред да стигнат до богатите квартови.

– Сакаме претседателот и приватниот сектор конечно да не слушнат: богатите се виновни што го ставија на власт овој неспособен политичар, изјави демонстрантот Бирол Одиже.

За време на протестите демонстрантите залудно се обидоа да опожарат неколку бензински пумпи.

Полицијата, која употреби и водени топови, ги запре демонстрантите пред да стигнат до богатиот дел на градот. Демонстрантите фрлаа со камења кон полицајците, кои одговорија со солзавец.

Од неделата ситуацијата на Хаити е тензична по масовна национална мобилизација со барање за оставка на шефот на државата.

Според опозицијата, во протестите досега се убиени 11 лица. Полицијата соопшти за тројца загинати од огнено оружје.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2018 12:45