Демократската унионистичка партија (ДУП) на Арлин Фостер, мала северноирска партија која е во коалициската Влада на Тереза Меј, соопшти дека нема да го поддржи нацрт-договорот за Брегзит и предупреди дека доколку биде усвоен, тој би можел да ја загрози соработката со ториевците.

– Како што сега стојат работите, не можеме да го поддржиме. Веруваме дека постои подобар начин, трет начин и ние ја охртабруваме британската премиерка наместо да губи време, преостанатиот период да го искористи за постигнување подобар договор, рече Фостер.

Таа прецизираше дека доколку Парламентот го усвои нацрт-договорот предложен од Меј, ДУП ќе ја преиспита соработката со конзервативците.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2018 13:10