Ќерката на топ-моделот Кејт Мос – Лила, се пофали со својата прва насловна страница. Списанието за кое позира 16-годишната убавица, се вика „Дејзд“ и е во сопственост на нејзиниот татко Џеферсон Хак.

Лила Мос позира пред фотографот Тим Вокер, а стајлингот е дело на нејзината кума – Кети Ингланд.

Насловната за магазинот „Дејзд“ има сентиментална вредност за семејството на Лила. Џеферсон Хак и Мос се запознале кога тој бил испратен да земе интервју од супермоделот. Лила е новото лице на „Марк Џејкобс Бјути“. Претходно оваа година, таа, исто така, потпиша договор со модната агенција на нејзината мајка.

Во интервју за „Вог“ во септември, Кејт Мос раскажа за строгите правила што ги следи нејзината агенција кога станува збор за помладите модели. Потребно е родителска согласност кога девојчињата се под 18-годишна возраст.

– Бев многу млада и беше тешко, но јас поминав низ ова. Мислам дека на младите модели им треба некој, кој ќе биде до нив, рече таа.

Таткото на Лила и Кејт Мос се сретнале на почетокот на милениумот. Лила се појави во 2002 година. Подоцна, двојката се раздели, но тие останаа добри пријатели до ден-денес.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2018 14:19