Нацрт-договорот за излегување на Велика Британија од ЕУ е најдобро решение, не само за политичките несогласувања, туку и за економијата, изјави денеска британскиот министер за финансии Филип Хамонд.

– Договорот е начин за Велика Британија да ја напушти ЕУ … со минимални негативни ефекти врз нашата економија, рече Хемонд во интервјуто за Би-Би-Си.

– Но, економијата не е единственото нешто за размислување, туку треба да обрнеме внимание и на процесот на лекување на политички рани, да го вратиме единството во земјата, бидејќи … земјите кои се поделени не постигнуваат успеси, рече тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2018 14:21