Здружението на жени „Дојрана" вечер ќе биде домаќин и организатор на традиционалната манифестација „Дојранска софра" на која домаќинките од Дојран ги презентираат разните јадења карактеристични за ова поднебје.

-На „Дојранската софра" ќе бидат застапени надалеку прочуените специјалитети како риба на трска, пржен крап, ќофте од икра, домашни сукани пити, зелници, како и разни десерти препознатливи за Дојран како што е раванијата, велат организаторите.

Сите рецепти по кои се подготвуваат јадењата, посочуваат жените од „Дојрана" ги научивме од нашите баби и мајки од кои добивме аманет да ги пренесуваме од генерација на генерација и ние тоа ќе го правиме и во иднина токму преку оваа манифестација.

Од здружението на жени „Дојрана" упатија јавна покана сите заинтересирани за дегустација на традиционалните дојрански специјалитети да дојдат вечер во 20 часот во хотелот „Романтик" во Стар Дојран.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2018 14:27