Акција за чистење во населеното место Кирил Петрушевски – Вардариште се одржа на неколку локации при што се чистеа мини депонии, се собираа отпадоци, беа поставени корпи за отпадоци а се сечеа и суви гранки.

Во акцијата се вклучија и градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски заедно со директорот на јавното комунално претпријатие "Гази Баба 2007" и со претставници од здружението на граѓани БА-ТУ-ТА спорт, како и граѓани од општината.

Од граѓанското здружение БА-ТУ-ТА велат дека и натаму ќе даваат свој придонес во ваков тип на акции преку кои освен што ќе влијаат за зачувување на чистата околина, ќе се подигне и свеста кај граѓаните за нејзино одржување.

Градоначалникот на општина Гази Баба посочи дека ова е само една од акциите кои локалната самоуправа ќе ги реализира за зачувување на чистата средина. Во текот на наредните денови, според него ќе бидат спроведени и други акции кои значително ќе придонесат за чиста и здрава животна средина.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2018 15:39