Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Битола денеска врши реконструкција на регионалниот цевковод што води од населеното место Кравари долж водоводната линија до граничниот премин Меџитлија.

Од ЈКП „Водовод“ информираат дека поради големината на зафатот од 10 до 17 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето во девет битолски села и тоа Кравари, Оптичари, Породин, Егри, Кременица, Гермијан, Лажец, Жабени и Меџитлија.

Водоводната мрежа по завршувањето на реконструкцијата, доцна попладне, повторно ќе биде во функција, а водоснабдувањето нормализирано, велат од „Водовод“ – Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2018 11:33