Вредноста на биткоинот повторно се намали и моментно изнесува само 3.705 долари.

Тоа е пад за повеќе од 15 отсто, а аналитичарите стравуваат дека ќе се намали и до 3.500 долари.

Минатата недела оваа криптовалута достигна малку над 4.300 долари, но не успеа да се задржи на тоа ниво.

Дополнителен удар на намалувањето на вредноста зададе и информацијата дека во САД се спроведува истрага во врска со манипулацијата со биткоинот минатата година.

Уште едно истражување покажа дека во текот на минатогодишниот раст имало многу сомнителни трансакции, а интересно е што се сите поврзани со криптовалутата тетхер.

Моментно се истражува дали навистина станува збор за манипулација на пазарот на криптовалути.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2018 13:46