Во повеќе од 40 големи и помали градови во Шпанија денеска се одржаа протести против насилството врз жените, со цел одбележување на Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените.

Во Мадрид десетици илјади лица се вклучија во поворка, организирана од феминистичка организација која повикуваше на масовен протест, и додека поминуваа низ центарот на шпанската престолнина, извикуваа „без повеќе жртви, сакаме слобода”.

Официјалните бројки покажуваат дека во Шпанија оваа година биле убиени44 жени од страна на нивните актуелни или поранешни партнери. Од 2003 година, од кога се води статистика во Шпанија, вкупниот број на жртви изнесува 999 – 972 жени и 27 деца.

Повеќе од 10 години, борбата против семејното насилство е приоритет во Шпанија, а од 2004 година земјата има и соодветна легислатива.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2018 16:45