По кусо и тешко боледување на 65 годишна возраст почина градоначалникот на Дебар, Ружди Љата.

Љата е роден 1953 годна во Дебар, средно образование завршил на медресето „Алаудин” во Приштина, дипломрал на Филолошкиот факултет во Приштина на отсектот ориентални јазици каде стекнал и титула магистер. Од 1980 до 1991 година работел во Исламската верска заедница и бил професор на Унверзитетот во Приштина на Катедрата за ориентални јазици. Бил професор и на Исламскот факултет во Скопје и Тетово.

Пред да биде избран за градоначалник на Дебар, во 2013 годна, Љата беше прв човек на дебарското муфтство кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше.

Во 2017 година граѓаните му ја дадоа довербата вторпат.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2018 01:21