Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска изјави дека Европската унија и Велика Британија ќе останат пријатели засекогаш, без оглед на процесот на ратификување на договорот за Брегзит и понатамошните преговори меѓу двете страни.

„Пред нас имаме тежок процес на ратификација (на Договорот за Брегзит), како и понатамошни преговори (за идните односи). Но, без оглед како ќе заврши ова, едно е сигурно: ние ќе останеме пријатели до крајот на светот и еден ден подолго” напиша Туск на Твитер.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2018 01:55