Државата го остави езерото без стопан, 4 месеци нема кој да се грижи за зачувување на рибниот фонд на Охридско и да го заштити од рибократци. Бидејќи концесионер нема,сега во водите на езерото се врши масовно риборакадење, пренесува Телевизија Алфа.
Владата му ја одзеде концесијата на фирмата “Пастрмка 2012”, наводно поради неисполнување на одредени законски обрски кои требало да ги извршуваат.
Иако од министерството за земјоделство уште во месец август информираа дека постапката за објавување конкурс за избор на нов концесионер била во владина процедура,од тоа нема ништо.
Природонаучниците со поделени мислења околу прашањето дали на Охридско езеро му треба концесионер?
– Одговорот е меч со две оштрици. Бидејќи доколку нема прав концесионер кој би се грижел пред се за заштитата а не за ловот, односно за искористување тогаш би имале потреба од концесионер за да се изврши правилна, соодветна заштита.Од друга страна и минатиот концесионер кој според риболовната основа требаше да има 14 рибочувари, во последната година заврши само со 4.-Изјава Зоран Спиркоски-Хидробиолошки Завод.
– Мојот личен став е дека на Охридско езеро не треба да има концесионер, пред се заради тоа што толку многу се вложија последниве години сретства за ревитализација на популацијата на пастрмка, меѓутоа не гледам дека дава некои соодветни резултати.-Изјава д-р . Трајче Талевски-Охрид СОС.
Доколку има концесионер кој што исклучиво води сметка само за приходот, а не води доволно грижа за заштитата на рибната популација,тогаш сите напори паѓаат во вода-велат нашите соговорници.И двајцата потенцираат дека државата треба многу повеќе да вложи во физичка заштита на рибниот фонд.Езерото во период од 2004-та до 2012-та беше без стопан,тогашната рибочуврска служба која беше формирана од ресорното министерство не беше доволна да го заштити езерото.Ситуацијата ништо подобра не е ниту сега, само на почетокот од овој месец беа запленети 68 мрежи со околу 400 парчиња ендемичен вид риба. Во Охридското езеро се врши масовно рибокрадење особено во регионот -Калишта, Радожда, Пештани, но и од Канео до Даљан, регион кој им е пред нос на полицијата.