Претседателот на Украина Петро Порошенко по состанокот на Националниот совет за безбедност и одбрана вечерва изјави дека ќе предложи Парламентот во понеделник наутро да прогласи воена состојба.
Украина предлага да се воведе таканаречен „борбен закон“, бидејќи таа е се поблиску до сеопфатна војна со Русија.
Овој развој на настаните следуваше откако попладнево во Црното Море руските воени бродови отвориле оган врз украинските морнари и заплениле три од нивните бродови.
Висок официјален претставник на Украина последователно тврдеше дека активностите на Русија биле "чин на војна".
Парламентот потоа ќе одлучи дали да го одобри воениот закон.
Беше објавено дека воена состојба ќе ги ограничи граѓанските слободи во земјата и ќе им даде на државните институции поголема моќ.