Силен земјотрес, со јачина од 6,3 степени по Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Иран, недалеку од границата со Ирак, соопшти Геолошкиот топографски институт на САД.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од само 1,5 километар, поради што има стравувања дека се можни сериозни материјални штети. Земјотресот е почувствуван во главниот град на Ирак, Багдад.

Во ноември 2017 година, оваа област беше погодена од земјотрес, во кој загинаа повеќе од 400 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2018 09:40