На интернет се појавија аудиоснимки на кои наводно се слушаат преговорите на украинските морнари кои влегле во територијалните води на Руската Федерација со руските морнари, пренесува Канал 5

На снимката може да се слушне како руски морнар бара од Украинците да застанат, да го вклучат светлото на палубата и да излезат со подигнати раце.

Украинецот одговара дека се движи низ преминот Креч од Црното море и нема намера да изврши напад.

Истовремено, во позадина се слушна националистички навредлив повик: Кој не скока тој е Москал! (погрдно име за Московјаните).

Потоа се слуша повикот на украинските морнари за помош и се наведува дека има повредени.

Малку подоцна, руските морнари се распрашуваат за бројот на ранети и тука снимката завршува.

Потсетуваме, Русија спречи три брода на украинската морнарица да влезат во Азовското море низ преминот Креч.

Преминот кој ги поврзува Црното и Азовското море, во неделата беше затворен за цивилните бродови поради безбедносни причини.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2018 12:16