Членовите на планинарскиот спортски клуб Голак од Делчево, Берово, Пехчево и Велес и огранокот на овој клуб Сосна Берово го реализираа клубскиот планинарски марш за искачување на врвот РУЕН 2252 метри надморска висина на Осоговските Планини. Како што информира Љупчо Чучуковски, претседател на ПСК „Голак“ од Делчево планинарите реализирале маршрута во вкупна должина од 15 километри. – Маршрутата беше кружна со денивелација од 2444 метри. Почетна точка беше Рудник Саса на 1030 метри надморска висина, потоа поминавме преку Тракато брдо, месноста Коти, па се до Руен, највисокиот врв на Осоговските планини. Временските услови беа добри се до висина од 1 800 метри, од каде па се до врвот Руен и Петрово брдо 1 700 каде не зафати средно силен ветар со магла и ниска температура, кои сепак не ни пречеа, бидејќи на моменти правеа добра зимска идила со снегот кој го имаше веќе на висина од 1 900 метри, информира Чучуковски. Додава дека маршот завршил во ноќни услови при што планинарите низ шумата се движеле со одевме низ со светилки. Патеката по која се движеле планинарите заедно со врвот Руен се наоѓаат во регионот на делчевски Пијанец. Како што најавија од планианрското друштво ваквите планинарски маршрути ќе продолжат се со цел промоција на сите врвови, места и локалитети кои се наоѓаат во регионите Пијанец-Малеш.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2018 12:17