Речиси двојно зголемени во однос на ноемврискиот просек се нивоата на реките Вардар кај Јегуновце, Сатеска кај Ботун и Брегалница кај Берово, соопшти УХМР.

Хидролошките мерења покажуваат намалени водостои на Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка и Црн Дрим кај Ложани.

Нивоата на Вардар кај Велес, Демир Капија и Зајчев Рид, Пчиња кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци и Брегалница кај Штип се во рамки на просекот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2018 12:19